Претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро повторно ги критикуваше мерките за ограничување во моменти кога во земјата се регистрирани над 15 илјади смртни случаи. Има и речиси 223.000 заболени од ковид-19.
– Невработеност, глад и сиромаштија ќе биде иднината на оние кои се залагаат за тиранија во целосната изолација – напиша на Твитер Болсонаро.
Лидерот на бразилската крајна десница и претседател на државата веќе неколкупати ги критикуваше мерките за изолација и јасно стави до знаење дека се залага за враќање во нормална состојба.
Медиумите пишуваат дека го водат економските интереси а не доброто на граѓаните на земјата и дека во Бразил, кој се наоѓа меѓу десет земји кои се најмногу погодени од пандемијата, бројот на заболени најверојатно е многу поголем од официјалниот, бидејќи не се спроведува доволен број тестирања.