Новоизбраниот американски претседател ео Бајден е негативен на коронавирус, изјави неговата портпаролка Кејт Бедингфилд.
Бајден беше тестиран откако советникот во Белата куќа, Седрик Ричмонд се зарази со оваа респираторна, смртоносна болест, се вели во соопштението пренесено од Ројтерс.
Ричмонд не беше во близок контакт со Бајден, не на оној начин којшто е дефиниран од Центарот за инфективни болести, рече Кејт Бедингфилд.
Новоизбраната потпретседателка на САД, Камала Харис, јавно ќе ја прими вакцината против ковид-19. Точното време и местото засега не се познати, објави Си-ен-ен.
А Бајден, најверојатно ќе ја прими вакцината на почетокот на следната недела, исто така јавно.
Она што исто така сè уште е нејасно е дали Бајден и Харис може да примат вакцина во исто време и на исто место.
Администрацијата на Бајден е насочена кон градење јавна доверба за вакцината против коронавирусот.