Вакцината против коронавирус на „Астра зенека“ предизвикува убедлив имунолошки одговор кај постарите лица, иако податоците за точното ниво на заштита не се познати, соопшти англискиот Институт за јавно здравје, откако Германија препорача вакцината да се дава само на лица под 65 години.
– Според планот за вакцинација, вакцината на „Астра зенека“ треба да се дава само на граѓани на возраст од 18 до 64 години – објави германската комисија за вакцини, еден ден пред одлуката на европскиот регулатор за одобрување на вакцината.
Велика Британија прва ја одобри и веќе ја променува вакцината на „Астра зенека“, изработена во соработка со Универзитетот Оксфорд.
Велика Британија вакцинираше седум милиони луѓе со првата доза и планира да ги вакцинира најранливите групи, вклучувајќи ги и луѓето над 70 години, до средината на февруари.