Австралиските власти се заканија со остри парични, па дури и затворски казни за оние кои без добра причина ќе се најдат надвор од своите домови за време на велигденските празници, со надеж дека на тој начин ќе го запрат ширењето на коронавирусот.
– Остануваме дома овој Велигден. Не патувајте, не одете никаде – рече премиерот Скот Морисон.
Сојузните влади предупредуваат дека оние што ги кршат забраните и одат на непотребни патувања, ќе бидат казнети со над 1.000 австралиски долари и до шест месеци затвор.
Полицијата на Нов Јужен Велс, наводно, казнувала луѓе што седат на клупи во парк наместо да вежбаат, додека повеќето плажи во Сиднеј се затворени за да се спречат групни собири.
Владата на Нов Јужен Велс започна да казнува со казна од 5.000 американски долари за сите што плукаат или кашлаат врз болничкиот персонал или полицијата, откако беа пријавени неколку инциденти.
Се верува дека со строгите мерки за изолација е постигнат одреден успех, со тоа што Австралија регистрирала само 100 нови инфекции во последните 24 часа, што е најниско во последните три недели.
Во Австралија досега се забележани 6.087 случаи на зараза и 51 смртен случај.