Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, денеска изјави дека ги разгледува сите можности за да се задржи под контрола ситуацијата со новиот сој омикрон бидејќи состојбата во земјата според него е исклучително тешка, нагласувајќи дека соодветно на тоа ќе бидат потребни и нови мерки.
– Морам да и кажам на британската јавност, и на сите, дека нема да ја исклучиме можноста од воведување нови мерки за заштита на народот – изјави Џонсон по состанокот со членовите на владата, пренесува Ројтерс.
Тој, исто така, истакна дека ситуацијата во земјата е исклучително тешка, а бројот на хоспитализирани лица заразени со коронавирусот во Лондон рапидно расте.
Запрашан за шпекулациите дека владата ќе усвои мерки кои ќе го забранат дружењето во затворени простории и ќе го ограничат туризмот, Џонсон рече:
– Можам да кажам дека ги разгледуваме сите можности, за да го држиме под контрола сојот омикрон така што не исклучуваме ништо – одговорил Џонсон.