Четири лица во Италија починаа од ретки тромби, откако беа вакцинирани со вакцината на „Астразенека“, се вели во извештајот на националната фармацевтска агенција АИФА објавен денес.
Според извештајот на АИФА, различни несакани ефекти биле потврдени кај 0,5 проценти од 9 милиони дози инјектирани помеѓу 24 декември и 26 март со употреба на вакцини од три производители – „Фајзер“, „Астразенека“ и „Модерна“.
Тешки несакани ефекти биле потврдени во 0,04 проценти од случаите. Лесните несакани ефекти најчесто биле симптоми на грип, болка на местото на убодот и замор.
Како и многу европски земји и Италија накратко ја прекина вакцинацијата со вакцината на „Астразенека“ во март кога се појави загриженост за појава на тромби. Оттогаш, со оваа вакцина во Италија се вакцинираат само луѓето постари од 60 години, бидејќи европските регулатори заклучија дека придобивките од вакцинацијата се многу поголеми од ризиците.
Во Италија 11 лица развија тромби, откако примија вакцина на „Астразенека“, а четири починаа.