Европската комисија се согласи со „Бионтек“ и со „Фајзер“ да ја зголемат испораката на вакцината за 10 милиони дози во вториот квартал, со што вкупната испорака на оваа вакцина во вториот квартал ќе надмине 200 милиони дози.
Тие 10 милиони дози се дел од количината вакцина нарачана за третиот и четвртиот квартал од оваа година, а станува збор за забрзана испорака, а не за дополнителни дози, велат надлежните.
Овој предлог на Комисијата треба да биде одобрен од земјите членки во заедничкиот Управен комитет за набавка на вакцини.
– Знам колку е критичен вториот квартал за спроведување на нашата стратегија за вакцинација во земјите членки на ЕУ. Ова е многу добра вест, што ќе им даде простор на земјите членки за маневар и можно пополнување на празнините во испораките – рече претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лejен.