Американскиот имунолог Ентони Фаучи денеска изјави дека е можно Американците заштитни маски да носат и во текот на 2022 година.
Тој во интервју за Си-ен-ен истакна дека мерките за спречување на ширењето на ковид-19 ќе бидат во голема мерка релаксирани, паралелно со зголемувањето на бројот на вакцинирани лица.