Ферари ја прекина работата во своите фабрики во Маранело и Модена, во сегментот на Формула 1, но и во сегментот на улични автомобили поради коронавирусот. Ситуацијата ќе остане ваква најмалку две недели, а е направена за „доброто на вработените“.
– Поради нашата почит кон вработените, за нивен личен мир и за нивните семејства, решивме дека е најдобро да престанеме со работа – вели претседателот на Ферари, Луис Камилери.
Другите Формула 1 тимови засега продолжуваат со работа и покрај несигурноста околу стартот на Ф1 сезоната. Двете фабрики на Мерцедес во Велика Британија ќе продолжат со работа, иако тимот кој се врати од Мелбурн ќе оди во самоизолација 14 дена.
По откажувањата на Австралиското ГП, Бахреин ГП, Виетнамското ГП и Кинеското ГП, ФИА објави дека се надева дека сезоната ќе може да почне во Европа на 1 мај со Холандското ГП.