Белгиските здравствени власти соопштија денес дека тригодишно девојче починало од коронавирус.
Бројот на случаи заразени со коронавирус во Белгија пораснал за 89 отсто во однос на претходната седмица.
Белгиските власти ги засилиле ограничувањата за да се запре ширењето на вирусот, вклучувајќи и задолжително носење маски на јавни места каде што има гужва, пренесе „АП“.
Белгија е тешко погодена со епидемијата на коронавирусот со 64.847 заразени и 9.812 смртни случаи.