Американскиот претседател Доналд Трамп повторно се најде во средиште на скандал, откако без никаква провокација, вербално го нападна известувачот на Ен-би-си, Питер Александер.
Александер и неговите колеги присуствуваа на редовната прес-конференција на американскиот кризен штаб и на крајот тој го праша Трамп дали сака да упати некоја порака до илјадниците заразени и милиони преплашени Американци, среде пандемијата од коронавирусот.
– Сакам да кажам дека сте очаен новинар – му рече Трамп на Александер кој многу се зачуди од ваквиот одговор.
Трамп потоа продолжи да одговора на второто прашање, но направи пауза и повторно се сврте кон Александер.
– Тоа е одвратно прашање, а вие се занимавате само со сензационализам. Тоа го правите вие и вашата телевизија. Знаете што ќе ви кажам? Подобро вратете се на објективно известување отколку на сензационализам – одговори видно вознемирениот Трамп.
Подоцна во одбрана на Александер застана и новинарката од Си-ен-ен, Кејтлин Колинс која го праша Трамп дали е непоходно да се расправа со новинарите за време на ваква криза.
– Тој не е добар новинар и во вакво време е многу потешко да делуваме заедно, ако треба да се соочуваме со вакви нечесни новинари – одговори амариканскиот претседател.