Девет од 15 нации во Советот за безбедност на ОН побараа состанок преку интернет за да разговараат за влијанието на пандемијата на коронавирусот ковид-19 врз сите теми на агендата на ОНСБ, изјави извор во организацијата за ТАСС.
– Девет непостојани членки на СБ, Белгија, Доминиканската Република, Виетнам, Германија, Индонезија, Нигер, Сент Винсент и Гренадини, Тунис и Естонија побараа ваков состанок. Датумот на состанокот сè уште не е утврден. Се очекува да се одржи во затворен формат, а во него ќе учествува и Генералниот секретар на ОН – рече дипломатот.
Ваквата средба беше одложувана долго време бидејќи пандемијата не е на агендата на Советот за безбедност. Сепак, сега земјите сметаат дека е разумно да разговараат за нејзиното влијание на врз прашањата контролирани од Советот за безбедност.
Тука, пред се, се предлозите на Генералниот секретар на ОН за олеснување на санкциите против одредени земји, прекин на огнот, како и хуманитарна помош и влијанието на пандемијата врз мисиите за поддршка на мирот.
Заразата со Ковид-19, која избувна кон крајот на 2019 година во Централна Кина, се рашири во повеќето земји во светот и беше препозната како пандемија од Светската здравствена организација.
Според најновите податоци, во светот се регистрирани околу еден милион потврдени случаи на ковид-19, а бројот на починати надмина 50.000.