Компанијата „Волт дизни“ планира од идната недела да престане да ги исплаќа платите за 43.000 работници кои не доаѓаат на работа поради затворањето поради ширењето на коронавирусот, но ќе им дозволи за да ги задржат бенефициите до една година.
Работниците ќе можат да ги задржат бенефициите, здравствeното, стоматолошко и животно осигурување се додека трае забраната за движење или најдолго до една година.
Оние работници кои се враќаат на работа од 19 април, околу 200 од нив, ќе бидат распределени според годините на работен стаж и претходните позиции на работните места кои се потребни за одржување на паркот и ќе бидат платени за тоа, се вели во соопштението на Советот за трговски услуги.
– Синдикалниот договор обезбедува посилна заштита и придобивки за 43.000 синдикални работници во Дизни за разлика од секој друг работник во САД кој е без работа – наведува Унијата.
Во тематските паркови на Дизни работат 77.000 луѓе, а тоа е компанијата со најмногу вработени во САД. До 19 април на сите работници кои се дома, ќе им бидат исплатени плати, по што оваа одлука ќе биде поништена, бидејќи не се знае точно кога повторно ќе започнат со работа.