Ширењето на ковид-19 во Данска не забрза откако земјата почна постепено да ги олабавува ограничувањата кон средината на април, објави денеска државниот институт во земјата.
Репродукцискиот број, што покажува колку луѓе во просек се заразуваат од заразено лице, се зголеми малку во последните две недели, но сепак е под 1.
– Нема знаци дека епидемијата ковид-19 се забрзува – истакнаа од институтот.
Црквите, кината и трговските центри сè уште се затворени.
Училиштата и градинките во Данска ги продолжија своите активности на 15 април, како и фризерите и стоматолозите.
Собирите се забранети до 10 мај. Црквите, кината и трговските центри сè уште се затворени и до август нема да има фестивал или слични масовни собирања. Данските граници се исто така затворени.
Данците беа меѓу првите што ги затворија границите уште на 13 март, а истата недела затворија училишта, кафулиња и продавници и забранија собири и болнички посети.
Во споредба со другите европски земји, Данска имала релативно малку пациенти со ковид-19 и починати, и е меѓу првите што решија постепено да ги ублажат мерките.