Европската Унија треба да ги испита законските мерки за да обезбеди набавка на вакцини против Ковид-19 ако не успеат преговорите со компаниите за нивна испорака, наведе претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.
– Ги поддржувам сите напори за решавање на ова прашање со компаниите преку дијалог и преговори – рече Мишел.
– Ако сепак не се најде задоволително решение, верувам дека треба да ги истражиме сите опции и да ги искористиме сите правни средства и мерки за спроведување што ни се достапни според договорот – рече Мишел.