Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека во моментов е против посебен третман за луѓето кои биле вакцинирани.
– Сè додека бројот на вакцинирани е многу помал од оние кои чекаат на вакцинација, државата не треба да се однесува поинаку кон двете групи – изјави Меркел за „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.
Таа истакна дека мора да биде јасно потенцирано дека вакцинираните лица не го пренесуваат вирусот и додаде дека компаниите можат да воведат посебни правила за вакцинираните лица.