Франција, која потврди 231 смртен случај од коронавирус, што е најголем пораст во однос на претходните два дена, објави дека ја вклучува војската во помагање на населението во борбата против епидемијата.
Бројот на починатите е зголемен за 21 процент во однос на претходните два дена, соопштија здравствените власти.
Со 231 починато лице и вкупно 1.331 смртен случај од ковид-19, Франција е трета земја во светот што забележа најмногу смртни случаи за 24 часа, зад Шпанија и Италија.
Францускиот претседател Емануел Макрон најави започнување воена операција приближувајќи се до кулминацијата на епидемијата на коронавирус во земјата. За време на операцијата „Еластичност“, воените сили ќе бидат мобилизирани за да му помогнат на населението да се бори против епидемијата.
Операцијата „Еластичност“ ќе биде целосно посветена на помагање и поддршка на населението, како и помош на јавната служба во борбата против епидемијата.