Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, им предложи на граѓаните да одат на работа во селата и да возат трактори како превентивна мерка од коронавирусот. Тој порача дека не треба да има паника поради вирусот Ковид-19.
– Само мора да се работи, особено сега, во село. Фино е да се види на телевизија како луѓето работат со тракторите и никој не го споменува вирусот. Така што тракторот ќе ги излекува сите. Полето ќе ги излекува сите – изјави Лукашенко.
Лукашенко ја критикуваше одлуката на Русија да ја затвори границата меѓу двете земји во обид да го забави ширењето на коронавирусот.
Белоруското министерство за здравство претходно соопшти дека бројот на заразени со коронавирус пораснал на 36.