Над илјада морнари од францускиот носач на авиони „Шарл де Гол“ се заразени со коронавирус, објави француската министерка за одбрана, Флоренс Парли.
Биле извршени вкупно 2.010 теста врз членовите на екипажот, од кои 1.041 се позитивни.
Носачот на авиони е закотвен во пристаништето.
Првиот сомнителен случај на екипажот бил забележан на 7 април, кога бродот веќе се ближел кон крајот на своето тримесечно патролирање во Источниот Медитеран, Атлантскиот Океан и Северното Море.