Тврдењата дека вакцините против ковид-19 можат да влијаат на плодноста кај мажите се неосновани, објавија денеска британски експерти од Кралскиот колеџ во Лондон.
На социјалните мрежи се појавија лажни тврдења дека вакцината на компаниите „Фајзер/Бионтек“ може да предизвика неплодност или да го принуди телото да го нападне фетусот, објави Би-Би-Си.
Не постои „таков биолошки механизам“ што би ја направило вакцината опасна за плодноста, изјави професорката Луси Чапел, професор на Кралскиот колеџ во Лондон.