Во Киев веќе има регистрирано 29 случаи со Ковид-19, а во цела Украина има 73 заразени, три лица починаа од вирусот, а едно лице се излекувало.
Прес-службата на Кабинетот на градоначалникот на Киев соопшти дека од денеска, 17 активни јавни сообраќајници се активни само за транспорт на медицински персонал, комунални услуги, социјални и други основни услуги.
Само лицата со специјална пропусница имаат дозвола за користење на јавниот превоз. Некои организации изнајмиле автобуси за да ги превезат своите вработени.
Градските власти ѝ дадоа овластување на на екстремно десничарската организација „Општински чувар“ за спроведување на проверка на транспортните документи. Поради суспендирањето на јавниот превоз, бројот на автомобили се зголеми, заглавувајќи го сообраќајот на одредени места на украинскиот главен град.