Кина објави дека експерти од Светската здравствена организација (СЗО) ќе ја почнат посетата на Вухан в четврток, од каде што се рашири пандемијата на коронавирусот на крајот на 2019 година.
Се наведува дека експертите на СЗО ќе пристигнат во Вухан од Сингапур, пренесува АП.
Директорот на СЗО, Тедрос Адананом Гебрејесус, минатата недела изрази незадоволство поради одложувањето на пристигнувањето на научниците во Вухан.
Откако Кина во понеделникот најави прием на експертите на СЗО, Гебрејесус рече дека научници од повеќе земји ќе се обидат да утврдат како се пренел вирусот на луѓето.