Сирија денеска забележа 11 нови случаи на коронавирус, што е најголем број заразени лица во таа земја за 24 часа.
       
Министерството за здравство соопшти дека станува збор за Сиријци кои допатувале од Кувајт.

Според официјалните податоци, 70 луѓе се заразени во Сирија, а четворица починале, наведува АП.