Од идната недела данските здравствени власти ќе почнат да канат голем број граѓани да примат трета доза од вакцината против ковид-19, изјави денеска министерот за здравство, Магнус Хојнике.
Повик ќе добијат лицата што ја примиле втората доза пред шест и пол месеци, а првично ќе бидат повикани оние над 65 години, здравствените работници и постари работници, кои биле меѓу првите што примиле вакцина против ковид-19, објанси министерот.
Регулаторното тело за лекови на Европската Унија соопшти дека оние со ослабен имунолошки систем како трета доза треба да добијат вакцина од „Фајзер-Бионтек“ или „Модерна“, но остави на земјите членки да одлучат дали пошироката јавност треба да добие дополнителна доза.
Во септември Данска почна да дава трета доза за згрижените во домовите за стари лица и за другите изложени на ризик од сериозни болести предизвикани од вирусот.
Нордиската земја ги укина последните ограничувања за коронавирусот во септември откога вакцинира голем дел од населението.
Досега, 75 отсто од населението е вакцинирано, а 2,2 процента од Данците добиле трета бустер-доза.