Вакцината против болеста ковид-19 може да биде единствената работа што може да ја врати нормалната состојба, рече генералниот секретар на ООН Антонио Гутереш.
За време на видеоконференцијата со водачите на околу 50 африкански членки на ОН, тој изрази надеж дека вакцината ќе биде готова пред крајот на годината.
– Безбедна и ефикасна вакцина може да биде единствената алатка што може да му го врати на светот чувството за нормалност, за да спаси милиони животи и милијарди долари – рече Гутереш.
Гутереш повика вакцината да се развива брзо и да биде достапна за сите, истакнувајќи дека таа мора да има универзална глобална придобивка и да овозможи да се контролира пандемијата.
Според него, потребни се амбициозни напори за да се осигури дека меѓународните актери дејствуваат преку усогласен, интегриран и силен пристап поради максимално забрзување и обемот потребен за развој на вакцината до крајот на 2020 година, пренесе АФП.