Германскиот министерот за здравство, Јенс Шпан по тестирањето бил позитивен на коронавирус, соопшти Министерството за здравство, додавајќи дека Шпан итно се повлекол во домашна изолација.
Четириесетгодишниот Шпан почувствувал симптоми налик на настинка и бил подложен на тестирање, а за неговата состојба биле известени сите неговите контакти, соопшти Министерството.
Стапката на инфекција со ковид-19 во Германија е пониска отколку во поголемиот дел од Европа, но во последниве денови се забрзува, а во саботата беше регистриран рекорден број од 7.830 заразени, според податоците од институтот „Роберт Кох“.
Шпан ги повика Германците да ги почитуваат мерките за физичко растојание за да се задржи стапката на инфекција на ниво под контрола.