Градската влада во Токио пријави 1.410 нови случаи на ковид-19, што е најголем еднодневен скок на новоинфицирани во скоро шест месеци и најголем број четврти ден по ред.
Рекордниот број на новозаразени лица доаѓа во моменти кога главниот град на Јапонија се подготвува за отворање на Олимписките игри следната недела (23 јули), објави „Кјодо“.
Бројот на новоинфицирани лица во Токио, каде е воведена вонредна состојба по четврти пат, е најголем од 21 јануари годинава, кога 1.485 лица беа пријавени како позитивни на коронавирусот.