Во Италија бројот на заразени од почетокот на пандемијата на коронавирус надмина еден милион.
Според последните податоци, во таа земја досега се заразиле 1.028.424 лица.
Како резултат на инфекцијата починале 42.953 луѓе, се наведува на страницата за статистика „Ворлдометерс“.
Според најновите статистики, во Италија за 24 часа забележани се 35 илјади новозаболени од ковид-19, а починале рекордни 580 луѓе.
Во земјата во моментов има 613.358 активни случаи на инфекција, а 3.081 се критични.
Италија беше главното жариште на коронавирус во март, не само во Европа туку и во светот.
Здравствениот систем во таа земја не издржа по избивањето на вирусот, најпрво во Милано, а потоа и во други делови, но подоцна ситуацијата се стабилизираше. Сега, по летниот период, бројот за заболени повторно вртоглаво се зголемува, како и во повеќето европски земји.