Бразилскиот претседател, Жаир Болсонаро, денеска се прошета на улиците на Бразилија поздравувајќи ги минувачите и своите приврзаници, јавно демонстрирајќи колку се противи на мерките за изолација во борбата против епидемијата на коронавирусот.
Имено, во својата политичка програма Болсонаро се залага за борба против невработеноста, дури и во услови на здравствена криза.
Поради ова, тој постојано е во судир со гувернерите, па дури и со министерот за здравство, кои се залагаат за мерки на социјално растојание и изолација, што, според претседателот, имаат многу негативно влијание врз економијата.