Патниците на американските авиокомпании кои одбиваат да носат заштитни маски би можеле да бидат спречени да се качат во авион, соопшти групацијата „Ерлајнс фор Америка“.
Сепак, дури и по влегувањето во авионот, стјуардите имаат овластување да ги предупредат патниците да ги вратат маските на лице доколку ги отстранат за време на летот.
Меѓу авиокомпаниите кои ја спроведуваат оваа нова политика се Алјаска ерлајнс, Американ ерлајнс, Делта ер лајнс, Хавајан ерлајнс, Џетблу ервејс, Саутвест ерлајнс и Јунајтед ерлајнс.
Авиокомпаниите јасно ќе ги информираат патниците за нивните правила, а секој превозник ќе утврди соодветни последици за патниците кои нема да ги почитуваат, вклучително и ставање на црни листи.
Новите ригорозни правила за носење заштитни маски се обврзувачки и за патниците и за екипажот во кабината, се вели во соопштението.
– Носењето маска е една од превентивните мерки препорачани од Центарот за контрола на инфекции и превенција (ЦДЦ) како важна мерка за заштита на патниците и вработените – потенцираат од групата.