Стапката на смртност на ковид-пациентите во Австрија е најмала во светот, изјави експертот за јавно здравје, Армин Фидлер.
Тој вели дека Австрија, со 71 смртен случај на милион жители, е за 3 отсто подобра од соседна Германија.
На прес-конференцијата во Брегенц, Фидер рече дека, на примерот во Италија, Шпанија и Велика Британија, може да се види што може да се случи ако не се преземат мерки за спречување на вирусот на време.
Тој се осврна и на ситуацијата во Соединетите Држави, изјавувајќи дека една студија покажува дека Америка можела да спречи смрт на 36.000 луѓе, доколку ги применила своите мерки една недела порано.
Фидлер посочува дека причина за успехот на Австрија била неверојатната дисциплина на населението.
Во Виена, во првата недела од воведувањето ограничувања на слободата на движење, социјалната подвижност паднала на три отсто.
Кога станува збор за Шведска, либералниот пристап доведе до, како што рече, пет пати повеќе смртни случаи отколку во Австрија, а економијата не е во подобра позиција.
– Никој не знаеше кој е вистинскиот начин – изјави тој и додаде дека одредени мерки можеби биле претерани, но дека мора да се има предвид дека нешто ново се учи за коронавирусот секој ден.
Во моментов, Фидлер гледа најголеми ризици во празнувањата, но и во црковните посети, и свадбите и погребите.
Фидлер, кој е советник на владата на австриската покраина Форарлберг, изјави дека во моментов има 105 проекти низ целиот свет за да се најде вакцина против коронавирусо