Канадскиот премиер Џастин Трудо денеска објави дека е позитивен на коронавирусот.
Трудо (50) го добил резултатот од тестот утрово според локално време, јавуваат канадските медиуми.
Тој на „Твитер“ напиша дека се чувствува добро и дека една недела ќе работи онлајн во согласност со правилата. Апелираше до граѓаните да се вакцинираат и да примат бустер-доза од вакцината против коронавирусот.
Трудо е во самоизолација од минатата недела, бидејќи едно од неговите деца беше позитивно на тестот за ковид-19.