По отстранувањето на сонцето од Кутлеш на плоштадот во Крива Паланка, ВМРО-ДПМНЕ излезе со своја реакција.
Според центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ-Дополнително вчера и претседателот на Македонија, Пендаровски, во улога на портпарол на Заев и СДСМ, потврди дека СДСМ бега од носење на консензус на сите релевантни политички субјекти за одбрана на клучните национални интереси и идентитетски прашања како македонскиот јазик, македонската нација и македонскиот народ. Пендаровски вчера ги потврди нашите, но и стравувањата на јавноста, дека Заев и СДСМ се подготвени и понатаму да се пазарат со вакви прашања и на крајот да извршат еден инженеринг од кој ќе произлезе северно-македонска нација, што е недозволиво.-