Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека планира да го намали бројот на мигрантите кои ќе бидат примени во САД следната финансиска година, која почнува од 1 октомври.
Нивниот број ќе изнесува до 18.000, а годинава беа примени 30.000.
Пред три години, администрацијата на претседателот Барак Обама си постави цел за прием на 110.000 мигранти. Белата куќа соопшти дека е претрупана со апликации за азил и бегалски статус, речиси еден милион барања.
Најголемиот дел од барањата, како што пренесе „Ројтерс“, доаѓаат од мигранти од Средна Америка – Хондурас, Салвадор и Гватемала, но и и од Ирак.