Украина истрела проектил на мостот Чонгар што поврзува делови од областа Херсон, која е под руска контрола, со полуостровот Крим, предизвикувајќи пренасочување на сообраќајот, изјавија официјални претставници на двата региона назначени од Русија, пренесе „Ројтерс“.
Владимир Салдо, гувернер на Херсон назначен од Русија, рече дека патот е оштетен, но нема извештаи за жртви.
Тој рече дека во нападот најверојатно биле користени ракети „Сторм шадоу“.
Гувернерот на Крим, Сергеј Аксјонов, рече дека експертите ја испитуваат локацијата за да утврдат кога сообраќајот преку мостот би можел да продолжи.
Познат како „Портата на Крим“, мостот Чонгар е еден од неколкуте мостови што го поврзуваат Крим, кој во 2014 година, бил припоен од Русија со копното.