Фотографијата Среќа со отворена порта на авторката Викторија Стојковска е овонеделниот избор на „Нова Македонија“ за фотографија на неделата.
-Фотографијата е од манастир Свети Никола Шишевски на Матка. Ја имав таа привилегија да го видам манастирот и да влезам низ портата која ретко била отворена, па и да го фотографирам овој македонски православен христијански манастир за кој се претпоставува дека датира од втората половина на 14. век. Се надевам дека со оваа фотографија ја споделив мојата среќа со другите – вели Стојковска.
Фотографијата утре ќе биде отпечатена на цела страница во печатеното издание на „Нова Македонија“.

„Нова Македонија“ секоја недела избира фотографија на неделата
Фотографијата секој вторник, на цела страница, ќе се објавува во печатеното издание и на веб-страницата на „Нова Македонија“.
Вашите авторски фотографии може да ги испраќате на [email protected]
Насловот на мејлот треба да биде ЗА ФОТОГРАФИЈА НА НЕДЕЛАТА.
Фотографијата треба да е со димензии 2.000 x 3.000 пиксели (ориентација портрет) и тешка до 3 мегабајти.
Во мејлот треба да напишете име и презиме, наслов на фотографијата и краток опис, кои ќе бидат објавени заедно со фотографијата.
Во мејлот треба да наведете и дека сте согласни да се објави фотографијата, доколку биде избрана.