Воените лидери на САД и Кина разговараа преку видео врска за прв пат по повеќе од една година, објави Пентагон.
Во ноември, двете велесили одлучија да ја обноват комуникацијата меѓу вооружените сили, а вчера началникот на Генералштабот на САД Чарлс Браун и неговиот кинески колега Лиу Женли разговараа преку видео врска.
– Браун ја истакна важноста на споделувањето за да се избегнат погрешни проценки и поврзани потенцијални ризици во воените операции – рече портпаролот на Пентагон, Пет Рајдер.
Тоа беше првиот телефонски разговор со Лиу за Браун, кој е на работа од септември.
Рајдер го нарече развојот „позитивен“, пренесе „Хина“, повикувајќи се на „ДПА“.
САД и Кина се обидуваат да ги стабилизираат затегнатите односи.
Американскиот претседател Џо Бајден и кинескиот претседател Си Џинпинг се сретнаа во Сан Франциско во средината на ноември.
Вашингтон претходно во неколку наврати се пожали дека вообичаената директна воена комуникација со Пекинг не функционира и дека може да доведе до опасни недоразбирања и погрешни пресметки.
Пекинг ги отфрли барањата за разговори на ниво на министри за одбрана.
Вашингтон постојано предупредуваше дека комуникацијата меѓу армиите на двете земји е клучна за одговорно управување со односите.