Фотографијата Охридски сокак на Мимоза Чолак е изборот за фотографија за оваа недела на „Нова Македонија“.
-Фотографијата е направена минатото лето во Охрид. На фотографијата е дел од улица Самоилова со старата охридска архитектура – вели Чолак.
Утре ќе биде отпечатена на цела страница во печатеното издание на „Нова Македонија“.
📸 „Нова Македонија“ секоја недела ќе избира фотографија на неделата 👇
📇 Фотографијата секој вторник, на цела страница, ќе се објавува во печатеното издание и на веб-страницата на „Нова Македонија“.
➡ Вашите авторски фотографии може да ги испраќате на [email protected]
➡ Насловот на мејлот треба да биде ЗА ФОТОГРАФИЈА НА НЕДЕЛАТА.
➡ Фотографијата треба да е со димензии 2.000 x 3.000 пиксели (ориентација портрет) и тешка до 3 мегабајти.
➡ Во мејлот треба да напишете име и презиме, наслов на фотографијата и краток опис, кои ќе бидат објавени заедно со фотографијата.
➡ Во мејлот треба да наведете и дека сте согласни да се објави фотографијата, доколку биде избрана.