Европа нема да може да најде замена за рускиот гас во следните пет години, изјави потпретседтаелот на руската влада Александар Новак во интервју за „Русија 1“.
-Проценете сами: што се однесува до гасната индустрија, ние испорачуваме околу 200 милијарди кубни метри гас, додека Европа троши 500 милијарди кубни метри – речиси 60 отсто од извозот. Дефинитивно нема што да го замени за една година или за три или пет години – рече Новак.
Тој додаде дека „се е можно во овој живот, но целосното отфрлање на руската енергија од Европа е еден вид апокалиптично сценарио“.