Проект „Гласот на револуционерите повторно се слуша“ на „Нова Македонија“
Во македонската историска меморија Ѓорѓија Пулевски останува вечно запаметен како еден од највеликите дејци кои оставиле неизбришлива трага во развојот на македонската културна мисла, но и како еден од најголемите бранители на македонските интереси во втората половина на 19 век.
Во минатото, односно во периодот 1945-1991 година, одредени аспекти на дејноста на Пулевски беа запоставени од страна на македонската наука. Ова се должи на тогашната политичка констелација, како и поради неговите ставови за потеклото на македонскиот народ кое го поврзуваше со историјата на Античка Македонија. Пулевски активно учествува во ослободителните борби на Македонците, а во Македонското (Кресненско) востание од 1878 година како војвода предводи востаничка чета. Меѓутоа неговата културна и национална дејност како учебникар, лексикограф, граматичар, поет, фолклорист, етнограф и историчар, можеби е позначајна од неговата политичка и револуционерна дејност. Во овој контекст се и неговите дела: „Речник на три јазика“ објавен во 1875 година, „Самовила Македонска“ напишана во 1878 година, „Македонска песнарка“ објавена во 1879 година, „Слогница речовска“ издадена во 1880 година, како и „Славјанско-маќедонска општа историја“ објавена во 1892 година. Македонска научна мисла го препозна и ценеше неговото значење.

Во овој контекст е и искажувањето на Гане Тодоровски дека доколку сакаме целосно да го разбереме и протолкуваме ликот и делото на Крсте Петков Мисирков, тогаш ќе мора да укажеме и на неговите претходници во Македонија. Според Тодоровски: „Меѓу нив секако би дошле Ѓорѓи Пулевски, Исаија Мажовски, Марко Мушевич и Темко Попов, во прв ред, како и Спиро Гулапчев, Евтим Спространов, Коста Шахов и Марко Цепенков на еден поширок и индиректен план. Делувањата на овие македонски дејци во добра мера го објаснуваат појавувањето на Мисирков и ја осветлуваат генезата на неговите идеи“.
Коле Неделковски – поетот револуционер чиј глас сè уште одекнува
Христо Татарчев – основач и визионер на македонското револуционерно движење
Мирка Гинова – учителка, револуционерка и народна хероина
Mисирков – меѓу перото, јазикот и идејата за самостојна Македонија
Питу – симболот на континуитетот на отпорот и идеалот за слободна Македонија
Дамјан Груев – волјата на револуционерна Македонија
„Нова Македонија“ ги „оживува“ зборовите на Ченто
Димитар Богоевски–Мите во песната „Триесет и девет минаја“ го претставува континуитетот на илинденската традиција
Јане Сандански: Чист став за националната, политичката, културната и духовната посебност на Македонија
ГЕНЕРАЛ АПОСТОЛСКИ: Не ни требате, му реков на бугарскиот командант кој не ја минуваше Пчиња, длабока до колена
Проект на „Нова Македонија“: Гласот на револуционерите повторно се слуша!


































