Пандемијата предизвикана од новиот коронавирус нема да биде последна пандемија, а епидемиите се факт на животот, изјави генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.
Тој преку видео порака истакна дека светот мора да учи од ковид-19 и да се позанимава со блиските врски меѓу здравјето на луѓето, животните и планетата.
– Предолго светот оперираше во циклусот на паника и занемеравувања Фрламе пари на една епидемија и кога таа ќе заврши, забораваме на неа и не правиме ништо да спречиме следна – предупреди тој.
Тедрос вели дека секоја земја треба да инвестира во она залихи за заштита: можност за избегнување, отркивање и ублажување на сите видови итни случаи.
Предупредувањето од шефот на СЗО следи кога првите дози на вакцините на „Фајзер-БиоенТек“ против коронавирус стигнаа во земјите на Европската Унија, а првите случаи на вакцинација се објавени во саботата.