Европската агенција за лекови (ЕМА) ја одобри употребата на вакцината на „Фајзер“ за деца на возраст од 12 до 15 години.
Одлуката е донесена денеска, а се очекува таа да биде одобрена од Европската комисија попладнево.
Европската комисија потпиша три договори со „Фајзер“, при што таа се согласи да испорача 1,8 милијарди дози од вакцината на „Фајзер“ во 2023 година.
Медиумите потсетуваат дека пред повеќе од две недели, употребата на вакцината на „Фајзер“ за истата возрасна група беше одобрена и од страна на американската Администрација за храна и лекови (ФДА).
Што се однесува до вакцината на „Модерна“, која, исто како и вакцината на Фајзер, користи напредна технологија, според истражувањето на компанијата, таа е безбедна и ефикасна. „Модерна“ ќе побара одобрување за вакцинирање на деца во јуни.
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен на почетокот на неделава рече дека вакцинирањето на деца е „научна, а не политичка одлука“.
– Ни требаат научни информации за тоа кој и како да се вакцинира и по кој редослед. Тоа не е политичка одлука, туку е научна одлука заснована на докази – рече Фон дер Лејен.
Вакцинацијата на деца се очекува да помогне да се постигне колективен имунитет во борбата против ковид-19.