Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, изјави дека се надева оти вакцината за новиот коронавирус може да биде развиена до крајот на оваа година.
Според неа, двата истражувачки тима кои имаат најголеми изгледи да создадат ефикасна вакцина се лоцирани во Европа, а ова го изјави за германскиот весник „Билд ам Сонтаг“.
– Се надевам дека вакцината ќе биде развиена до крајот на годината – рече таа, додавајќи дека наскоро се планира клиничко испитување иако други детали не се соопштуваат.
Пред да се одобри вакцината и да започне масовното производство, мора да се преземат серија чекори.
Што се однесува до забрзаната кампања за вакцинирање, Европската унија веќе разговараше со компаниите за опции на глобалното производство, додаде Фон дер Лeјен.