Во време на нестабилни и променливи цени на нафтените деривати, енергетскиот гигант „Шел“ оствари најголем профит од неговото 115-годишно постоење. Годишниот профит на оваа компанија достигна околу 40 милијарди долари, по порастот на цените на нафтата и на гасот по ескалацијата на војната во Украина!
Енергетските нафтени гиганти со рекордни профити од пазарните игри со цените на нафтата
Цените на нафтата на светските берзи паднаа втора недела по ред. Тој тренд се должеше главно на интервенцијата што дојде како последица на „загриженоста за забавување на растот во западните економии, бидејќи централните банки продолжуваат да ги зголемуваат каматните стапки за да ја ограничат инфлацијата“! Имено, минатата недела, американската ФЕД ги зголеми клучните каматни стапки за дополнителни 0,25 процентни поени, на највисоко ниво од 2007 година, додека британската и европската централна банка ја зголемија цената на парите за по 0,50 процентни поени.
Дали ЕУ отсега ќе купува дизел-гориво само од САД, Блискиот Исток и Индија…
Факт е дека цените на нафтата минатата недела паднаа на најниско ниво во последните три недели. Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела падна за 7,8 отсто, на 79,94 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 7,9 отсто, на 73,39 долари.
Од понеделников, неделава, стапи во сила забраната за увоз на руски дизел што ја воведоа земјите од Европската Унија, како дел од економските санкции за Русија, но и поради тоа што тие сметаат дека на таков начин ќе ја намалат зависноста за енергенти од Русија. Забраната е воведена заедно со ограничување на цената на нафтените деривати, што е резултат на договорот меѓу групата седум најразвиени индустриски земји.
Очекувањата им се, исто така, дека „со ограничување на цената ќе се спречи ненадеен пораст на цената на горивата“. Членките на ЕУ отсега ќе купуваат дизел-гориво од САД, Блискиот Исток и од Индија за да го заменат руското гориво, кое во еден момент покриваше десет проценти од потребите на европскиот континент. Цената на дизелот може да порасне поради зголемените транспортни трошоци и закрепнувањето на побарувачката во Кина, чија економија излегува од драконските ограничувања наметнати од пандемијата ковид-19.
Нестварни профити на нафтените гиганти
Во време на нестабилни и променливи цени на нафтените деривати, енергетскиот гигант „Шел“ оствари најголем профит од неговото 115-годишно постоење. Годишниот профит на оваа компанија достигна околу 40 милијарди долари, по порастот на цените на нафтата и на гасот по ескалацијата на војната во Украина. Рекордната заработувачка на британско-холандската компанија во 2022 година ги разлути Британците, кои се борат со високите цени и трошоците за а живот поради инфлацијата и новите геополитички околности.
Годишната добивка на „Шел“ порасна на 39,9 милијарди долари, односно е дуплирана во однос на претходните години, односно од претходниот рекорд од 31 милијарда долари во 2008 година.
Високи профити пријавиле и нафтените компании од САД. Овој тренд на високи профити во нафтената индустрија ќе го зголеми притисокот од владите да ги зголемат даноците на енергетските компании.
Од „Шел“ очекуваат околу 2,4 милијарди долари повисоки трошоци поврзани за зголемените даноци во 2022 година. Критичарите од опозицијата бараат од британската влада на Конзервативната партија да го заостри даночниот режим за остварената заработка на нафтените компании. Според сегашните одредби, компаниите мораат да платат данок од 35 отсто на добивката остварена од експлоатацијата на нафтата и гасот од Обединетото Кралство. Ова не се однесува за другите дејности, како што е продажбата на горивата на бензинските пумпи или во преработката на нафтата. Н.М.
Западните енергетски компании со рекорден профит од продажба на нафта и гас
Британската компанија „Шел“ објави профит за 2022 година од речиси 40 милијарди долари, што се должи на одличните резултати од нејзиниот бизнис со трговија со гас. Најголемата европска компанија за нафта и гас соопшти дека приспособената заработка е повеќе од двојно зголемена на 39,9 милијарди долари, соборувајќи го претходниот рекорд од 31 милијарда долари поставен во 2008 година. Другите најголеми светски енергетски компании, исто така, остварија рекордни заработки. Американските ривали „Ексон мобил“ и „Шеврон“ неодамна објавија годишен приход од 55,7 милијарди долари и 35,5 милијарди долари. Овие рекордни профити произлегуваат и од зголемувањето на цените од страна на енергетските компании и од намалувањето на трошоците, вклучувајќи го и одржувањето на зголемувањето на платите под стапката на инфлација.
Цените на нафтата и гасот пораснаа во текот на изминатата година, поради ситуацијата во Украина, а глобалната побарувачка порасна со закрепнувањето на економиите по пандемијата на ковид-19.