Премиерот Димитар Ковачевски смета дека дискусијата за прогресивното одданочување треба да продолжи низ инклузивен процес, а во тој процес во иднина со ново софтверско решение да се земат во предвид вкупните примања во семејството.
-Таа дискусија треба да продолжи, низ инклузивен процес во којшто ќе бидат вклучени не само стопанските комори, и оние коишто се засегнати, коишто го плаќаат персоналниот данок за вработените. Исто така, и УЈП преку воведување на нови системи, софтверски решенија, каде што нема да бидат гледани граѓаните на поединечна основа, туку на семејна основа. Исто така, ќе треба да биде направена и ревизија на даночните ослободувања, изјави денеска Ковачевски за ТВ Сител