Јавното претпријатие за државни патишта преку оглас ќе вработи 28 работници чии задолженија ќе бидат коридорите 8 и 10 д, објавува „Макфакс“. Новите вработени во претпријатието ќе имаат основни плати од 29.866 денари до 70.052 денари, а ќе бидат вработени во јавното претпријатие до завршување на проектот, односно до 22 јануари 2028 година. Овие плати се за 40-часовна работна недела.
Највисока основна плата, 70.052 денари, се нуди за помошник на главниот координатор, а најниските плати од 29.866 денари се за двајца администратори и двајца возачи. На огласот се бараат и еден координатор на единицата за подготовка на проектот со плата од 60.005 денари; четворица специјалисти за експропријација со плата од 45.045 денари; еден преведувач за 45.045 денари; еден известувач за проектот кој ќе добива 45.045 денари месечно; еден координатор на единицата за техничка изведба со плата од 65.029 денари; петмина специјалисти за инвестиции и градба на патишта кои ќе добиваат по 55.037 денари плата; еден специјалист за урбанистичко планска документација со основна плата од 55.037 денари; двајца специјалисти за подготовка, изработка и следење на проектна документација со плата од 55.037 денари; еден специјалист за геодетски работи кој ќе добива 55.037 денари; двајца специјалисти за животна средина за 55.037 денари; тројца специјалисти за електроенергетски објекти кои ќе добиваат по 55.037 денари; и еден специјалист за сообраќајна сигнализација за кој основната плата е 55.037 денари.
Заинтересираните за отворените работни места може да се пријавуваат до 25 април, до кога ќе биде отворен огласот иако компанијата „Бехтел и енка“ најави поставување камен темелник за 22 април.