На терен се вршат последните подготовки пред пуштањето во процес на производство на новата 10-мегаватна фотонапонска електрана Осломеј, информира АД ЕСМ.
Како што посочуваат оттаму, денеска увид во активностите извршија заменик-генералниот директор на АД ЕСМ, Имер Зенку и директорот за развој и инвестиции, Благој Гајдарџиски, кои на лице место беа информирани за завршните активности и за првичните податоци за перформансите на електраната.
– Електраната се наоѓа во пробен период и наскоро ќе биде вклучена во електроенергетскиот систем. Ова е прва сончева електрана во целосна државна сопственост, односно во сопственост на АД ЕСМ – велат од државната енергетска компанија.
Во моментов, додаваат, во тек е реализација на фотонапонска електрана од 100 мегавати по принципот на јавно-приватно партнерство, исто така на локации на исцрпениот рудник за јаглен во РЕК Осломеј.