Со сет од 26 антикризни мерки вредни 400 милиони евра го штитиме стандардот на граѓаните и економијата, пишува на својот фејсбук профил вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.
– Мнозинството пратеници во Собранието синоќа во особено брз рок ги изгласаа владините антикризни мерки за ублажување на ценовниот шок, предизвикан од високите берзански цени на нафтата и горивата. Во услови на ваква економска криза Владата и Собранието покажаа на дело будност и посветеност на заштитата и поддршката на граѓаните – пишува Маричиќ.
Воедно, Маричиќ посочува дека опозицијата треба ги следи овие чекори внимателно и следниот пат нека се одважи и нека застане со нив заедно во заштита на граѓаните.
– Ова се ситуации да се покаже единство и конструктивност, а не да се кочи и блокира, не да се бркаат партиски поени на грбот на граѓаните, во време кога им е најпотребна помош – велат од МВР.