Фото: Архива

Директорот на ЈП „Македонски железници – инфраструктура“, Хари Локвенец, денеска поднесе оставка од функцијата.

Оставката, како што изјави за МИА, ја поднел од лични причини.

Локвенец беше на функцијата директор на ЈП „Македонски железници  – инфраструктура“ од ноември 2020 година.