Розенберг, како ветеран од Волстрит, не е оптимист ниту сега, ниту пак претходно оваа година во врска со кризата во економијата. Во февруари тој на својот твитер-профил напиша за т.н. „сценарио за неслетување“. Во тој контекст тој нагласи дека „далеку од реалноста е дека со зголемувањето на каматните стапки нема да се поттикне рецесија“, односно дека е исто така далеку од реалноста дека на тој начин ќе се скроти стапката на инфлација, а економијата ќе расте!? Тоа е далеку од реалноста, констатира тој
Неколку забелешки од страна на врвниот економист од САД, Дејвид Розенберг
Повеќе од една година многу луѓе се плашеа зборот „криза“ да се употреби во пакет со зборот „економија“ или „стопанство“. Но, и покрај тоа, зборот криза веројатно стана најшироко употребуваниот збор со кој многумина претчувствуваа економска криза. А зошто кризата (економска) изгледаше толку очигледно?
Според светски познатиот економист Дејвид Розенберг, пред сѐ генерирањето на рецесијата и влегувањето во спиралата на економската криза (уште попрецизно, кризата во стопанството и реалната економија) би можело да се препознаат во „10-те едноподруго зголемувања на каматните стапки почнувајќи од минатогодишниот март!“
Второ, таа се препознавала и поради последователното одолжување на активноста на пазарот на домување или, пак, како што вели тој, „големото убивање на работните места“…
Понатаму, уште еден индикатор за надоаѓачката економска криза во САД е „продолжениот пропуст на берзата во 2022 година“, што ја остави економијата, особено технолошкиот сектор, на работ на амбисот.
Или, пак, како што заклучува експертот, „кризата е генерирана од комплетниот пакет на сѐ од напред наведеното, плус инфлацијата“!
Розенберг: Не треба да се гледа во далечина за да се забележи надоаѓачката криза
Токму поради тие причини, светски познатиот економист Дејвид Розенберг вели дека не треба да се загледаме во далечината на хоризонтот за да ја бараме или забележиме надоаѓачката поголема рецесија – бидејќи таа е веќе тука.
– А исто така, гледавме и на погрешно место – додава тој.
За потсетување, Дејвид Розенберг е основачот на „Розенберг рисрч“, а околу две децении беше главен економист на Волстрит, во „Глускин шеф“ и „Мерил линч“. Тој напиша интересни свои ставови на својот твитер-профил пред неколку дена, осврнувајќи се на бруто-бројките на домашниот приход во САД што официјално беа публикувани истиот ден.
– Никој досега не зборуваше за ослободување на вистински ГДИ до денес – напиша Дејвид Розенберг на Твитер.
За појаснување, БДИ е вкупниот приход што го генерираат сите сектори на економијата, вклучувајќи ги платите, профитот и даноците. Тоа е помалку позната статистика од бруто-домашниот производ (БДП), која се користи од страна на Банката на федерални резерви за мерење на вкупната економска активност во САД. ГДИ има цел да го измери она што економијата го прави (како платите, профитот и даноците), додека БДП се обидува да го измери она што го произведува економијата (стоки, услуги, технологија). ГДИ го пресметува приходот што е платен за генерирање на БДП. Значи, економија во рамнотежа е ако БДИ еднаков на БДП.
– БДИ се намали за 2,3 отсто во првиот квартал од 2023 година, што следуваше по падот од 3,3 отсто во последните три месеци од 2022 година, што практично значи – „техничка рецесија“! Кога пак ќе го земете предвид бруто-домашниот производ (БДП) од друга страна, економијата се зголемила за 1,3 отсто во првиот квартал од оваа година, спречувајќи ја рецесијата од таа перспектива – вели Розенберг.
Имено, заедно БДИ и БДП се сметаат за клучни показатели за тоа како оди економијата, а Розенберг тврди дека сите го игнорираат она што го пренесува токму тој клучен податок.
Рецесијата штотуку почнува
„Просечно БДИ во однос на БДП, во економијата се намалуваше во четири квартали од изминатите пет!“, напиша Розенберг. „Рецесијата пристигна и никој не забележа“.
– БДИ и БДП се тесно поврзани начини за мерење на речиси истото, но не сосема. БДИ ги мери заработениот приход и трошоците направени при производство на сите продажби на работи во економијата што се собираат на БДП, но второто често се смета за посигурна процена, според Бирото за економски анализи. Песимистичките податоци за БДИ укажуваат на продолжување на паѓањето на темпото на економски раст, како резултат на високата инфлација, покрај постојаните зголемувања на каматните стапки и построгата достапност на кредити.
Но како (или дали) финансиските пазари влијаеле на можна рецесија сè уште е предмет на дебата. Податоците во почетните месеци од годината, вклучувајќи ја и ниската стапка на невработеност, силните потрошувачки трошоци и бавниот, но позитивен раст на БДП, им дадоа на инвеститорите надеж дека рецесијата, доколку дојде, ќе биде блага.
Розенберг, кој со месеци предупредуваше на фактот на нарушена економија, во твитот во четвртокот посочи дека клучните индустрии во индексот Ес енд пи 500, како што се транспортот и дискрециското право на потрошувачите, кои се поврзани со здравјето на економијата, се тргуваат на значително пониски нивоа. Според Розенберг, тоа е симптоматично за пад како и многупати во минатото, вклучувајќи и за време на финансиската криза во 2008 година. Вкупниот индекс Ес енд пи 500 е зголемен за 9,64 отсто од почетокот на годината.
Розенберг, како ветеран од Волстрит, не беше оптимист и претходно оваа година. Во февруари тој твитна за т.н. „сценарио за неслетување“. Во тој контекст тој нагласи дека „далеку од реалноста е дека со зголемувањето на каматните стапки нема да се поттикне рецесија“, односно дека е исто така далеку од реалноста дека на тој начин ќе се скроти стапката на инфлација, а економијата ќе расте!? Тоа е далеку од реалноста, констатира тој.
– Наративот „неслетување“ е најголемата измама што економистите на Волстрит ја изнесоа од „глобалното раздвојување“ во 2008 година – напиша Розенберг на Твитер, осврнувајќи се на идејата каде деловните циклуси на новите и развиените нации сѐ повеќе се разликуваат.
Розенберг предупреди за рецесија што ќе ја погоди американската економија оваа година, велејќи дека индексот Ес енд пи 500 би можел да падне до 30 отсто до моментот кога ФЕД ќе го паузира (запре) со зголемувањето на каматните стапки.
– Рецесијата штотуку почнува – изјави Розенберг за „Маркетвоч“. Р.Н.М.